Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи на Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка.
Програмата се состои од 157 часови, теоретски дел од 33 часови, практичен дел од 107 часови и 17 часови за оценување и самоевалуација. Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата. Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата, како и практична примена од страна на учесниците на мостна, портална и конзолна дигалка на обезбедени локации, магацински простории и простории за товарање и истоварање, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на мостна, портална и конзолна дигалка. Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на мостна, портална и конзолна дигалка на соодветна локација. Програма ја спроведува тим на искусни инженери од соодветната област (сообраќај и машинство), квалификувани со најмалку 5 годишно работно искуство ракувачи на мостна, портална и конзолна дигалка. По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка. По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, знаења и вештини за извршување на работата Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка. Програмата за Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка е во времетрање од 3 месеци. |
Верификацијата истекува во март 25, 2027