Ракувач на автодигалка

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи на занимањето Ракувач на автодигалка.

Програмата за Ракувач на автодигалка е во времетраење од 3 месеци.

Програмата се состои од 184 часови, се реализира преку теоретски дел од 35 часови, практичен дел 129 часови  и 20 часови за оценување и самоевалуација.

Теоретската настава се реализира во училница опремена со современи наставни помагала потребни за учесниците во програмата да се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модулите кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата на автодигалка, како и практична примена на автодигалка од страна на учесниците, на обезбедени локации, магацински простори и простори за товарање и истоварање, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на автодигалка.

Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од модулите кои се составен дел од програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на автодигалката на соодветна локација. Програмата ја спроведува тим на искусни инженери од соодветната област (машинство, сообраќајни науки, електротехнички науки и технолошки науки) и квалификувани ракувачи на автодигалка со минимум 5 години работно искуство кои поседуваат сертификат за ракувач на автодигалка.

По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата Ракувач на автодигалка.

По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на автодигалка.

Верификацијата истекува во март 21, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата да имаат завршено најмалку основно образование и да поседуваат возачка дозвола од Б категорија.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

35

Пракса

129

Оценување

0

Вкупен број на часови

184

Датум на верификација

21/03/2024

Неготино

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content