Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Целта на програмата е учесникот да се стекне со основни знаења, вештини и компетенции за примена на основните практики и техники за пчеларско производство на одржлив начин.
Како резултат на програмата, учесникот ќе биде оспособен за: подигање на пчеларник на соодветна локација; препознавање на болестите кај пчелите и примена на биотехнички методи за заштита од болести и справување со болестите; размножување на пчелите; хранење и зазимување на пчелните семејства; собирање, складирање и пакување на пчелните производи; примена на стандарди и контрола на производството; правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место и заштита на здравјето и животната средина.
Програмата има модуларен карактер, и се состои од 5 различни модули со вкупно 150 часа. Секоj модул се состои од стручно теоретски содржини, практична обука и оценување на теоретското и практичното знаење.
Стручно теоретските содржини се реализираат во Јазичен центар Амичи – Кочани во училница опремена според правилникот за стандардите за простор и опрема, со потребни нагледни средства, прибор и опрема за пчеларство. Практичната обука ќе се реализира на пчеларникот на Меден Исток – Брана Градче, Кочани и на други локални пчеларници.
Во текот на програмата, се спроведуватдве проверки континуирана проверка на стекнатите знаења, вештини и компетенции по пат на дискусии, вежби и тестови.
По завршувањето на Програмата се полага завршен испит со цел да се проверат стекнатите знаења, вештини и компетенции. По успешно завршената проверка, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“.

Верификацијата истекува во февруари 23, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Pjesëmarrësit që ndjekin programin duhet të kenë përfunduar së paku arsimin fillor dhe të jenë të paktën 17 vjeç.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

45

Пракса

105

Оценување

Вкупен број на часови

150

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content