Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за самостојно иницира ,организира и контролира BIM процес користејќи BIM алатки, кои се употребуваат за нови технологии на реаботните места, како и воведување на дигитални иновации.Програмата им овозможува на учесниците да се стекнат со вештини за дигитално претставување на градба и размена на информации што се користат во градежната индустрија.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава во два модула:
Времетраење на програмата е 200 часа од кои 60 часа се предвидени за теоретска настава , а 140 часа се предвидени за практична настава. Наставата се реализира од понеделник до петок . Теоретската обука се одвива во училница/кабинет опремен за теоретска настава под менторство на дипл.инж.по градежништво или архитектура, а практичниот дел во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по градежништво или архитектура.Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1 ,а со завршен испит по завршувањето на модул 2.По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Оператор за информациско моделирање на згради BIM .
Верификацијата истекува во мај 27, 2025