Одгледувач на говеда, свињи и живина

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за извршување на операции за основните техники при одгледување на говеда, свињи и живина.

Лицата кои успешно ја завршиле програма ќе можат да работат во извршување на операции за основните техники при работа во сточарско производство, одгледување на животни за производство на млеко, месо и јајца, правилна евиденција на производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место и заштита на здравјето и животната средина. Лицата кои ја завршиле програма ќе можат да работат во фарма за одгледување на говеда, свињи и живина, во фабрика за производство на храна за исхрана на домашните економски животни и домашните миленичиња.

Лицето ќе биде оспособено да гиприменуваат технологиите за одгледување на говеда, свињи и живина, учество при размножувањето на животните, учество во подготовка на храна и исхрана на сите видови и категории на животни, вклучувајќи ги и домашните миленичиња, заштита и лекување на животните и одржување на анимална хигиена и благосостојба на животните.

 

Програмата ќе се реализира преку следниве модули (задолжителни и изборни):

 

Задолжителни модули (теорија+пракса):

1. Производство на млеко, месо и јајца – (10 часа + 20 часа) = 30 часа

2. Исхрана на домашните животни – (15 часа + 35 часа) = 50 часа

3. Размножување на домашните животни -(10 часа + 25 часа) = 35 часа

4. Анимална хигиена и благосостојба на животните – (10 часа + 25 часа) = 35 часа

5. * минимум еден од изборните модули

 

Изборни модули (теорија+пракса):

1. Технологии за одгледување на говеда – (15 часа + 35 часа) = 50 часа

2. Технологии за одгледување на свињи – (15 часа + 35 часа) = 50 часа

3. Технологии за одгледување на живина – (15 часа + 35 часа) = 50 часа

Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и сите изборни модули ќе има вкупно 300 часа обука и ќе се стекне со сертификат Одгледувач на говеда, свињи и живина.

Учесникот во обуката што ќе ги завршни успешно задолжителните модули и ќе заврши еден од изборните модули ќе има вкупно 200 часа обука и во зависност од изборниот модул ќе се стекне со еден од следните сертификати:

–          Одгледувач на говеда

–          Одгледувач на свињи

–          Одгледувач на живина

 

Учесникот во обуката што ќе ги завршни успешно задолжителните модули и ќе заврши два од изборните модули ќе има вкупно 250 часа обука и во зависност од изборните модули ќе се стекне со еден од следните сертификати за парцијална квалификација:

–          Одгледувач на говеда и свињи

–          Одгледувач на говеда и живина

–          Одгледувач на свињи и живина

 

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската и практична обука ќе се изведува во училници, а практичната обука ќе се изведува во фармите за одгледување на говеда, свињи и живина, како и во фабрика за производство на сточна храна.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка. При целосна реализација на модулите проверката на знаење ќе се спроведе преку завршен испит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатоста на резултатите од учењето на учесниците ќе се врши врз основа на критериумите за оценување, и тоа, формативно во текот на реализацијата и сумативно на крајот од секој модул. На крајот од обуката учесниците во програмата ќе полагаат завршен испит.

Верификацијата истекува во јуни 20, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 18 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

90

Пракса

210

Оценување

Вкупен број на часови

300

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content