Изработувач на кондиторски и пекарски производи

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „Изработувач на кондиторски и пекарски производи“ се состои од 8 модули во кои се обработуваат сите теми од производството на кондиторски, пекарски и слаткарски производи. Програмата се состои од теориска настава и праткични вежби, кои се изведуваат од високо образуван стручен кадар со соодветно искуство во областа на производството на кондиторски, пекарски и слаткарски производи. Теориската настава која се изведува во соодветно опремена училница, трае 32 часа, односно по 4 часа за секој модул, додека практичната настава трае 128 часа и се одвива во пилот постројка и/или производен погон и лабораторија која ја поседува потребната соодветна опрема за изведување на практичните вежби како и запознавање со соодветната опрема за проиводство на кондиторски, пекарски и слаткарски производи.

Осумте модули кои ги опфаќа оваа програма ги покриваат следниве тематски поглавја:

Организирање на работата во кондиторска и пекарска индустрија

– Производство на пекарски производи

– Производство на тестени шеќерни производи

– Производство на чоколадни и какао крем производи

– Производство на бонбони, пенести производи, локум и алва

– Производство на слаткарски производи

– Пакување и управување со опрема

– Контрола на квалитет на кондиторски производи

Програмaта „Изработувач на кондиторски и пекарски производи“ користи различни критериуми и инструменти на оценување кои имаат за цел утврдување на совладаниот материјал.

Верификацијата истекува во февруари 23, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено минимум основно обрзование, комуникација на македонски јазик, на возраст поголема од 17 години. Mаксималениот број на учесници e 20.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

32

Пракса

128

Оценување

Вкупен број на часови

160

ПОВРЗАНИ ПРОГРАМИ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content