Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи на Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување).
Програмата за Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување) е во времетрање од 3 месеци.
Програмата се состои од 184 часови, се реализира преку теоретски дел од 40 часови, практичен дел 131 часови од кои 13 часови ќе бидат наменети за оценување и самоевалуација.
Теоретската настава се реализира во училница опремена со современи наставни помагала потребни за учесниците во програмата да се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модулите кои се составен дел од програмата.
Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата на опремата, како и практична примена на опремата, апаратите и уредите за рачно електролачно и пламенско заварување, во уреден работилнички простор за таа цел, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на опремата, апаратите и уредите за заварување.
Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од модулите кои се составен дел на програмата за обука.
Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување со опремата, апаратите и уредите за рачно електролачно и пламенско заварување во уреден работилнички простор за таа цел.
Програмата ја спроведува тим на искусни инженери од областа на (машинство, сообраќај и транспорт, електротехника и технолошки науки) и квалификувани заварувачи со минимум пет години работно искуство кои поседуваат сертификат за Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување).
По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување).
По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување).
Верификацијата истекува во април 2, 2027