Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за занимањето шминкер.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Шминкер“. Теоретскиот дел на обуката ќе се реализира во опремена училница или просторија, а практичниот дел од обуката ќе се реализира во салон за шминкање. Програмата дава можност учесникот во програмата да ja организира сопствената работа, да го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти за избор на шминка, подготвува и изведува целна и специјална шминка, шминка лице за целна и специјална шминка, комуницира со клиентите, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата.
Времетраењето на програмата е 150 часа вкупно од кои 50 часа теоретска обука, 100 часа се практична обука.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот и практичниот дел на обуката со проверка на стекнати знаења, вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Шминкер“.
Програмата дава можност за напредување во други програми од повисоко ниво на ова занимањa.