Програмата овозможува работно оспособување за Фризер и истата е со тромесечно времетраење, односно 370 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во фризерски салони.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да ги подготвува, организира и извршува работните задачи; рационално да ги користи материјалите, опремата и времето; да комуницира со корисниците на услугите и деловните партнери; да ги чисти и дезинфицира просторот, работните површини, фризерскиот прибор, апаратите и истите правилно ги чува; да го подготвува клиентот за обликување на фризурата и обликува и негува коса и скалп; да комбинира и обликува производи за коса; да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив; да користи соодветни информациско-комуникациски средства; да развива претприемачки вештини и однесување; да ги поознава правата од работен однос и основните начела за отворање на сопствен бизнис; да применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во
согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер за жени и мажи по верифицирана програма.