Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции од областа на сметководството во трговски друштва.
Програмата за обука опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во 225 часа
обука и 25 часа оценување.
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните
знаења предвидени во содржината на програмата.
Со практичниот дел од програмата се подразбира реализирање на студиска и демонстрациска работа заради стекнување практични знаења и демонстрирање на стекнатото знаење на кандидатот во пракса.
Испитот исто така се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира симулација на книжење во совтвер за сметководство при што кандидатот практично го покажува знаењето кое го стекнал од предвидената програма за обука на сметководствен службеник во трговски друштва.
Учесниците по успешно завршување на обуката ќе се стекнат со државно признат Сертификат за сметководствен службеник во трговски друштва.