Цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за основи на
сметководство и водење на сметководствена евиденција.
Програмата состои од 15 теми, поделени во 3 модули.
Програмата ќе се реализира преку стручно-теоретска и практична настава. Теоретската настава ќе се
реализира преку предавања, шематски прикази и презентирање на документација. Практичната обука
ќе се реализира со обработка на документација од трговски друштва кои се занимаваат со трговија,
услуги и производство, и изведување на вежби. Ќе се користат наставни методи: водење насочена
дискусија, решавање на проблеми и симулација на реални ситуации, учење преку сопствено
откривање, независни задачи, задачи од практиката,тимска работа.
Оценување на постигнувањата на кандидатите ќе се врши преку континуирано следење во текот на
обуката: усно и писмено-преку тестови и проекти, креативност, постигнувања на резултати од тимска
работа, индивидуални домашни задачи.
Времетраењето на програмата е 120 часа распоредени во 3 месеци.
Наставниот кадар кој учествува во реализација на програмата има завршени студии по економија
(дипломирани економист, VII степен ( 240 ЕКТС). Со својот начин на изразување, углед, појава,
подготвеност за дополнителна работа, образование, систем на вредности и идеали ги мотивира и
позитивно на оние околу него. Соработува со стручни институции, партнери и соработници, поседува
способност за: изведување на настава и комуникација со учениците, примена на современа ИТ
технологија, планирање, организирање, воведување новини во наставниот процес, и е
комуникативен и креативен.
Теоретската обука ќе се одвива во кабинет опремена со наставни средства, а практичната обука во
простории опремени со информатичка технологија и софтвер за сметковотство.
На крајот на обуката учесниците ќе полагаат завршен испит.
По успешно завршена обука учесниците ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за
службеник во сметководство.
Успешното завршување на оваа програма ќе ја зголеми конкурентноста на учесниците на берзата на
трудот за работните места од областа на сметководството и ќе ја зголеми можноста за негово
понатамошно усовршување во истата област.
