Програмата овозможува работно оспособување за Ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација и истата е со тримесечно времетраење, односно 300 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се во функција на практичната обука, која пак се изведува на плато и терен во реални услови. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја планира и организира работата со градежната механизација според инструкциите на претпоставениот, рационално користи машини, уреди, средства за работа, енергија, материјал и време, подготвува и проверува исправност на алати, уреди и механизација за работа, идентификува опасности и презема мерки за стабилност на теренот, изведува земјени работи во различни изведбени постапки според проектот и инструкциите, ракува и управува со градежна механизација за земјени работи на терен; изведува ископ, депонира ископан материјал, рамни, набива, распостелува, меша, набива, товара, чисти снег, користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив.
Се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина, комуницира со соработниците, познава права од работен однос, можности за отварање и водење на мал бизнис. По завршувањето учесникот полага завршен испит со што по успешното завршување се стекнува со Сертификат за Ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација. |
