Програмата овозможува работно оспособување за Подготвувач на слаткарски производи. Истата е со тромесечно времетраење, односно 320 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во слаткарска работилница, ресторани и хотели.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да ја подготвува и организира сопствената работа; да комуницира со клиентите и соработниците; да приготвува различни видови теста; да пече слатки и печива од различни видови теста; да приготвува полнила и филови, преливи, кремови, глазури; да приготвува десерти; да моделира и изработува производи од шеќер; да произведува чоколадни производи, сладолед; да работи во согласност со нормативите и прописите за заштита на работната средина и околина; да ги познава правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис.
По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит. Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за Подготвувач на слаткарски производи по верифицирана програма.