По завршувањето на оваа обука учесникот ќе биде оспособен да:
- планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно во домот на негуваното лицеи/или под надзор на стручно лице во институции/установи за палијативна нега;
- почитува и спроведува принципи за палијативна грижа согласно возраста, состојбата и карактеристиките на негувано лице;
- познава, разбира и применува основни знаења за услугата помош и подршка во домашни услови и поддршка во секојдневните активности за палијативна нега на лицата;
- спроведува активности за исполнување на слободното време, по препорака на стручни лица.
- извршува своите задачи во согласност со етичките норми, релевантните законски стандарди, кодекси на работа и методи за добра комуникација со корисници те и семејствата, и се залага за препознавање и спречување на злоупотреба;
- се грижи за квалитетот на извршената работа, безбедноста и здравјето на работната и животната околина и применува протоколи за заштита при работа во домот или установата.
Верификацијата истекува во декември 23, 2023