Негувател/ка на деца со попречености

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е учесникот да се стекне со знаење, вештини и компетенции за профилот

Негувател/ка на деца со попречености. Учесникот ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената Работа самостојно во домот на детето. Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со попречености, со примена на основните медицински  знаења и вештини за базична нега. Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава помош и  нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка  потреба, како да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината. Обуката е одговорна и многу хумана работа во времетраење од 200 часови,и опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 62 часа.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

  • завршено средно образование
  • најмалку 18годишна возраст
  • психофизички способен за работа

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

62

Пракса

138

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content