Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники за козметичка велнес и спа масажи и третмани, како и правилно користење на средства за работа, уреди, опремата, препарати и инвентар.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за Масер за козметичка масажа, спа и велнес.
Времетраењето на програмата 160 часа од кои 50 часа се стручна теорија, 110 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценувањето. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Проверката на знаењето се изведува континуирано во усна, писмена форма и практична работа. По завршувањето на обуката учесникот ќе полага (теоретски и практичен) завршен испит, а по успешно положениот завршен испит учесникот се здобива со Серификат за Масер за козметичка масажа, спа и велнес
Верификацијата истекува во декември 22, 2023