Програмата за обука на козметичари содржи 150 часа од кои: 30 часа теоретска настава, 115 часа практична обука и 5 часа проверка на стекнатото знаење. Истата се реализира во просториите на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Кочо Рацин Скопје. Теоретската настава се одвива во училници, а практичната обука во кабинетот за козметика кој е најмодерно опремен со апарати и уреди, а ги задоволува сите критериуми потребни за успешна изведба на козметичките техники вградени во програмата за обука на козметичари.
Времетраењето на програмата е 4 -5 месеци, 2 пати неделно по 4 часа вкупно 150 часа. Курсната форма – козметичар можат да ја посетуваат сите работоспособни лица со завршено минимум основно образование, кои сакаат да се појават или веќе се присутни на пазарот на трудот, а воедно имаат афинитет или желба да станат козметичари. Бројот на кандидати се препорачува да не изнесува повеќе од 8, заради специфичноста во процесот на работа, со што ќе се запази интимноста на клиентите – модели кои ќе бидат повикани од страна на кандидатите за практичната работа односно вежби.
Целта на оваа програма е: – Да ги запознаеме заинтересираните кандидати со опремата, уредите и начинот на работа за изведување на козметички третмани на лицето и телото. – Да ги запознаеме со козметичките техники за изведба на козметички операции со мануелна рачна изработка и апаратурна со помош на уредите составен дел од козметичката програма во кабинетот за практична обука – Да ги запознаеме со санитарните норми и правила за лична хигиена во просторот. – Да ги запознаеме со козметичките препарати од различни производители, кои треба да содржат декларации за квалитетот на истите.
Програмата ќе биде организирана во 5 модули, а на крај ќе се изврши проверка на стекнатото знаење по утврдена динамика преку писмен тест и практична изведба на некоја козметичка постапка. По завршување на програмата ќе се спроведе финалниот испит, пред тричлена комисија, по чие успешно полагање ќе се издаде сертификат за КОЗМЕТИЧАР ЗА ЛИЦЕ И ТЕЛО.
По завршувањето на програмата учесниците ќе бидат оспособени за изработка на козметички постапки и тоа: – дијагностицирање на кожата, козметички третман на лицето – клиничка слика на кожата (болести и аномалии) – правилен избор на козметички препарати за нега или лекување – совети и правила за користење на козметички препарати во домашни услови – програма за хигиено диететски режим на исхрана – отстранување на несакани влакненца од кожата – релакс и антицелулитна масажа со правилна техника при изведба – обработка и нега на дланки – обработка и нега на стапала – стручен и професионален однос кон работата
|
– особена почит и внимание кон клиентот, корисник на козметичките услуги
– добра техничка подготвеност при користење на апаратите кои се во интерес на постручна и поквалитетна изведба на козметичките постапки – да ги препознаат болестите на кожата и соодветно да ги упатат своите клиенти до здравствената институција (ендокринолог, дерматолог, гинеколог и др.) за понатамошно успешно лекување.
Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, дискусии, набљудувања, истражувања, презентации од бренд менаџери на козметички линии со едукативни практични обуки. Теоретската програма и практичната обука ја презентира козметичар, стручно лице со практично искуство во оваа област. Програмата за обука ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе биде спроведена анкета при завршувањето на курсот и тоа во форма на писмени прашалници, а на крај ќе биде подготвен финален извештај од резултатот на анкетата. |
