Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за инсталирање и одржување на електрични инсталации.
Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 30 часа теоретска обука, 105 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во училници и кабинети со потребна современа опрема за изведување на настава. Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на обуката.
Учесникот со програмата ќе се оспособи да планира, организира и извршува работни задачи, рационално да ги користи опремата и времето, да комуницира со претпоставените и корисниците на услуги, да ги применува технички мерки за заштита од струен удар; чита и користи техничка документација; да води и издава потребна документација за изведените работи, да се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, да се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина, да ја одржува и зголемува компетентноста во својата област и да ги познава правата од работен однос.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „ ЕЛЕКТРИЧАР ЗА ИНСТАЛАЦИИ ВО СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ И ИНДУСТРИСКИ KАПАЦИТЕТИ