Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со градежна механизација на терен применувајќи безбедност при работа, да развива способности за прецизност и одговорност при изведување на работни операции со градежна механизација согласно проект и инструкции и да ја одржува механизацијата во исправна состојба.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава во два модула:
Времетраење на програмата е 250 часа од кои 60 часа се предвидени за теоретска настава и 190 часа за практична настава. Наставата се реализира од понеделник до петок . Теоретската обука се одвива во училница/кабинет опремен за теоретска настава под менторство на дипл.инж.по машинство,сообраќај или градежништво, а практичниот дел во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство,сообраќај или градежништво, ракувач со градежнa механизација со 3 год. работно искуство .Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1 ,а со завршен испит по завршувањето на модул 2.По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Ракувач со градежна механизација.
Верификацијата истекува во мај 27, 2025