Директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните г-ѓа Аделина Алији на ден 22.03.2022 година потпиша меморандум за соработка со директорот на Здружение на граѓани за социјален и економски развој ИН ВИВО Скопје г-дин Дејан Стојановиќ. Предмет на овој Меморандум е воспоставување и организирање на меѓусебна професионална и академска и соработка помеѓу двете страни.
Соработката помеѓу двете страни ќе се реализира со заедничка организација и учество во проекти од следните области:
– развој и претставување на програми за соодветно неформално образование, кои би биле соодветно прилагодени кон потребите на пазарот на труд,
– одржлива (ре)социјализација на маргинализираните и социјално ранливите групи граѓани,
– афирмација на Република Северна Македонија како потенцијална туристичка и бизнис дестинација.
– организација и учество на конференции, семинари, советувања, работилници и други професионални и академски средби;
– размена на искуства во организирање на едукативнa и научна работа;
– размена на техничка и научна литература;
други области од заеднички интерес