Во рамки на активностите на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните, во периодот ноември 2017 – декември 2019 година, Центарот за образование на возрасните како национален координатор, го спроведува проект „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните: Македонија“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan: Macedonia). Поконкретно, во рамките на проектот предвидено е да се реализираат следниве активности:
- развивање на стандарди, портфолио за кандидатите за валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), програми и материјали за советниците за валидација,
- обука на 10 обучувачи на советници за ВНИУ
- одржување на работилница за подигање на свеста кај 20 претставници на клучните партнери со цел нивно запознавање со главните принципи на ВНИУ и зајакнување на институционалната соработка,
- надградба на базата на податоци со дел за валидацијата.
Во рамките на проектот една од активностите за спроведување на проектот е студиски посети се со цел да се анализираат најдобрите пракси од земјите на ЕУ.
Директорот и дел од вработените на Центарот за образование на возрасните, исто така ангажирани во спроведувањето на проектот учествуваа на конференцијата VPL Biennale од 06-09.05.2019 во Берлин, Германија.
Во конференцијата учествува 40 земји со 300 претставници,дел од конференцијата беа и семинарите односно работните групи кај што работевме сите заедно на декларацијата за Валидација на претходното знаење, се дадоа мислења сугестии и на крај се гласаше за финалниот документ.
Ова конфернција/семинар беше многу корисна за нас пошто ќе ни помогне за финализирање на законот и процедурите за Валидација на неформалното и информалното учење во Р.Сверна Македонија