Во рамки на активностите на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните и како дел од проектот „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan), на 4 и 5 декември во Бон, Германија се одржа Peer Learning Activity на тема „Проценка на вештини и валидација на нефомалното и информалното учење“.
На настанот беа одржани три тематски работилници: Мостови меѓу формалното и неформалното образование; Проценка (на вештините) и валидација на работно место; и Проценка на основните вештини. На работилниците беа разменети искуства за тековната состојбата и преспективите во сферата на валидацијата на нефомалното и информалното учење во европските земји.