Од 06.11 – 10-11.2016 во Толедо, Шпанија се одржа контакт семинар за признавање и валидација во образование на возрасни.
На семинарот беа промовирани предлози за Проекти за мобилност или стратешки партнерства кои се поврзани со признавање и валидација на вештини во образованието на возрасни.
Учесниците имаа можност да добијат повеќе информации за Еразмус+ Програмата и карактеристиките на Секторот за образование на возрасни како и информации за примери со добри практики во полето на признавање и валидација на компетенции и вештини од организации кои веќе имаат развиено проекти за Европска соработка.