РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на Ревидираниот оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија за мерката Обуки за побарувани занимања, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 04.07.2018 година распишува

ЈАВЕН ОГЛАС 

до верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни училишта и други верификувани спроведувачи на обуки)

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни училишта и други верификувани спроведувачи на обуки) за образование на возрасни за реализација на мерката Обука за побарувани занимања во рамки на Ревидираниот оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија.

На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:

– Оџачар  –  во Скопје и

– Персонални асистенти за инвалидни лица   –  во Скопје.

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријавата за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk)
  2. Документ за регистрирано дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице. Средствата потребни за реализирање на мерката Обука за побарувани занимања се обезбедени од Буџетот на  Агенција за вработување на Република Македонија.

Потребната документација се доставува најдоцна до 23.07.2018 година до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетните и ненавремено доставени докумети нема да бидат земени во постапка за одлучување

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Пријава/Paraqitja   (преземи)