Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15 и 30/16 ) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на административен асистент
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Административен асистент за проектот NATIONAL COORDINATOR FOR ADULT LEARNING WORK PLAN: MACEDONIA, (AGREEMENT NUMBER – 2017-2289/001-001, PROJECT NUMBER – 592010-EPP-1-2017-1-MK-EPPKA3-AL-AGENDA) (1 извршители).
Заинтересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:
- Завршени додипломски студии во областа на општествените науки, магистерски студии ќе се сметаат за предност;
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Најмалку 5 години работно искуство, од кои 2 години работно искуство во образование;
- Искуство во имплементирање на Еразмус+ проекти;
- Познавања за системот на образование на возрасните во Република Македонија;
- Познавања за валидација на неформалното и информалното учење.
Заинтересираниот кандидат треба да достави:
- Пријава која треба да содржи:
- име и презиме,
- адреса на живеење,
- телефонски број и електронска пошта за контакт и
- степен и вид на стекнатото образование;
- Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: konstantin.hristovski@cov.gov.mk
со назнака: За избор на административен асистент, PROJECT NUMBER – 592010-EPP-1-2017-1-MK-EPPKA3-AL-AGENDA
рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 02.11.2017 година
Прием на апликации до: 06.11.2017 година