Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15 и 30/16) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Заварувач (2 извршители).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

* да имаат најмалку високо образование од областа;

* да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветната област или

* најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

1. Пријава за членови на комисии која треба да содржи:

– име и презиме,

– работно место,

– адреса на работно место,

– адреса на живеење,

– телефонски број за контакт и

– степен и вид на стекнатото образование;

2. Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр.13

1000 Скопје или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на надворешен соработник

рок од 10 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на: 16.03.2016 година

Прием на апликации до: 25.03.2016 година

Напишете коментар