Врз основа на член 34 од Законот за образование на возрасни (,,Службен весник на РСМ.” бр.3/25 и 111/26), ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК бр.2/2026

за заинтересирани државни средни училишта регионални центри за стручно образование и обука, за акредитација на понудувач на услуги за валидација на неформално образование и икуствено (информално) учење (ВНОИУ)

Превземи барање

 

  1. Предмет на Јавниот повик:

Со овој јавен повик се повикуваат заинтересирани државни средни училишта регионални центри за стручно образование и обука, јавни установи за основно и средно образование и комори да поднесат барање за акредитација на понудувач на услуги во рамки на системот за валидација на неформално образование и икуствено (информално) учење (ВНОИУ) за квалификациите:

Сектор хемија и технологија

Сектор Електротехника и информатички технологии

Сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство

Сектор угостителство и туризам

Сектор лични и други услуги

Сектор машинство

Сектор градежништво и геодезија

  1. Услови за акредитација на понудувач на услуги

Понудувачот на услугa за валидација може да го спроведува процесот на валидација доколку има простор, опрема и кадар соодветен за спроведување на процесот на валидација за конкретната квалификација, согласно поднесеното барање за акредитација на понудувачи на услуги за валидација до Центарот.

Напомена: Барањето за акредитација се поднесува одделно за секоја квалификација за која понудувачот бара да биде акредитиран. Едно барање со целокупната пропишана документација, се однесува исклучиво на една квалификација. Доколку понудувачот бара да биде акредитиран за повеќе квалификации, за секоја од нив поднесува посебно барање со комплетна документација.

Кон барањето за акредитација на понудувач на услуга за валидација, се доставуваат следните документи:

  1. Трошоци

Трошоците за акредитација на понудувач на услугa за валидација изнесува 7.500,00 денари.

Надоместокот се уплаќа на следната трансакциска сметка на Јавната установа Центар за образование на возрасни:

Назив на примач: ЈУ Центар за образование на возрасни

Сметка на корисник: 160016142578719

Приходна шифра: 723119 програма 33

Назнака: надоместок за обука на советници за валидација (ВНОИУ)

  1. Времетраење на јавниот повик

Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на неговото објавување на интернет страницата на Центарот  https://www.cov.gov.mk/ и Министерство за образование и наука https://www.mon.gov.mk/

Пријавите со потребната документација заинтересираните лица да ја достават на следната:

со назнака: За јавен повик бр.2/2026 за акредитација на понудувач на услуга за валидација по јавен повик бр. 2

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапка за одлучување

Публикуван на: 24.08.2026 година

Прием на апликации до: 02.09.2026 година

Овој Јавен повик се објавува на веб-страницата на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје  https://www.cov.gov.mk/