Во просториите на Центарот за образование на возрасните се одржа свечена церемонија на доделување сертификати на втората генерација проценувачи за валидација на неформалното образование и информалното (искуствено) учење, кои успешно ја завршија обуката одржана од 6 до 10 јули 2026 година.
Во својство на директорка на Центарот, ми претставуваше чест и задоволство да им ги врачам сертификатите на обучените учесници.
Обуката беше реализирана од Центарот за образование на возрасните, со институционална поддршка на Министерството за образование и наука, и претставува значаен чекор кон имплементацијата на процесот на валидација во Република Северна
Македонија.
Сертифицираните проценувачи ќе имаат клучна улога во обезбедувањето професионално, непристрасно и објективно спроведување на процесот.