Јавната установа Центар за образование на возрасни изразува искрена благодарност до Creative Hub Скопје за професионалната соработка и креативниот придонес во изработката на новото лого на Центарот.
Посебна благодарност упатуваме до Дејвид Драгевски, студент на Академијата за графички дизајн при Creative Hub, за неговиот ангажман, иновативност и посветеност во процесот на дизајнирање. Со својот труд и талент, Дејвид придонесе кон визуелна идентификација која ја одразува мисијата и вредностите на нашата институција.
Во знак на признание за неговиот придонес, на 27.10.2025 година му беше врачена Благодарница од страна на В.Д. Директорката на ЈУ Центар за образование на возрасни, Naime Islami Zeqiri.
 Вашиот креативен допринос претставува значаен чекор кон унапредување на јавната слика на Центарот и промоција на образованието за возрасни во Република Северна Македонија.