Денес имавме задоволство да го потпишеме Меморандумот за соработка помеѓу Центарот за образование на возрасни и Агенцијата за вработување, претставувана од директорот г-дин Селајдин Белули.

Оваа соработка е важен чекор кон јакнење на возрасните преку образовни програми и можности за интеграција на пазарот на трудот.

Како директор на Центарот, верувам дека преку вакви партнерства ќе овозможиме поголем пристап, инклузија и развој за сите граѓани на кои им е потребна нова шанса.