Центарот за образование на возрасните е носител и спроведувач на проектот „Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, чија цел е унапредување на тековните процеси на полето на образованието на возрасните, како и кон осигурување на неговиот квалитет.
Во периодот 19 – 21.09.2025 година, во хотелот „Меркур“ во Тетово, Центарот организираше обука наменети за наставниот кадар на верификуваните институции кои нудат посебни програми за неформално образование на возрасни, со цел да се зајакнат капацитетите на обучувачите за спроведување на квалитетна настава, со примена на модерни андрагошки методи во образовната работа со возрасни.
Обуката на обучувачи се реализираше според програмата развиена од страна на Центарот за образование на возрасните, а наменски прилагодена за потребите.

 
								 
															