На ден 04.06.2025 година директорот на Јавна установа Центар за образование на возрасни – Скопје, Садудин Садики и управителот на Друштво за едукација и доживотно образование „АЛТЕРНАТИВЕ ЛЕАРНИНГ ПРОГРАМС“ ПДОО Струга, Еди Ќела, склучија Меморандум за соработка. Овој чекор претставува значаен придонес кон градење на поквалитетна и подостапна едукација за возрасни во нашата земја.