Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за давање на услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и други потреби се во изнемоштена состојба и неможност да се грижат за себе.
Програмата содржи шест модули и учесникот во обуката ќе се оспособи да: подготвува и организира работно место, помага при одржување на лична хигиена, исхрана, транспорт, следи физички и психички промени кај старо и немоќно лице, помага при набавка и примање на редовната терапија со лекови, применува на прописи од системот на социјална заштита во делот за стари и немоќни лица.
Начин на реализација на програмата е преку теоретска и практична настав и води до стекнување на сертификат „Негувател/ка на стари лица“.
Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 70 часа се теорија и 80 часа практична обука. Теоретскиот дел од програмата ќе се реализира во опремена просторија. Вреднувањето на постигнувањето на учесникот е по завршувањето на теоретскиот дел од обуката се спроведува проверка со тест, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит.Практичната обука се се спроведи на терен во установи во кои се сместени старите лица или во здравствени установи. По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат „Негувател/ка на стари лица“.
Верификацијата истекува во мај 10, 2026