Главна цел на програмата Монтер и сервисер на фотоволтаични панели“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за стручно давање на услуги за монтирање и инсталирање на фотоволтаични системи и колектори.

Учесникот во програмата ќе стекне вештини и знаења, односно ќе биде способен за:

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат Монтер и сервисер на фотоволтаични панели“.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира на терен преку вежби и изработка на проектни задачи. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Монтер и сервисер на фотоволтаични панели“.