Програмата има за цел учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за пружање на основни социјални и здравствени услуги во домашни услови и во специјализирани установи на лица кои поради возраста/староста или хронични болести се изнемоштени и не се во можност да се грижат сами за себе. Програмата е со времетраење од вкупно 245 часа, од кои 100 часа се теорија, 145 часа сe предвидени за практична обука. Теоретскиот дел ќе се реализира во опремена училница или кабинет додека практичната реализација на програмата ќе се одвива во здравствена установа и во дом за стари лица. Програмата за обука опфаќа 4 модули дизајнирани да го оспособат идниот негувател да дава психо-социјална поддршка во домот, да помага во извршување на основни и инструментални активности кај стари и немоќни лица, како и да обезбедуваат поддршка во зачувување и унапредување на нивното здравје. По завршувањето на обуката учесникот ќе се оспособи да ја планира, организира и реализира сопствената работа, да им пружа на старите и изнемоштени лица и лица со намален функционален капацитет основна лична нега и хигиена, да одржува хигиена во домот, да ги разбира потребите на старите лица, да забележува промени во здравјето и да ги известува медицинските лица.
Верификацијата истекува во август 19, 2027