Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники(вовед во козметиката на нега на лице и тело,козметички третмани на лице,врат и деколте,козметички третман на тело,депилација на лице и тело )во козметиката за нега на лице и тело, како и правилно користење на козметичките средства за работа, опремата,козметички производи и инвентар.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука, а преку усна и писмена проверка, практична изведба и изработено портфолио и завршен испит води кон стекнување на сертификат за козметичар за нега на лице и тело.
Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 35 часа се стручна теорија, 115 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви во козметиката (Напреден курс и Специјализиран курс).
Верификацијата истекува во април 30, 2027