Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи, Ракувач на виљушкар.
Програмата за Ракувач за виљушкар е во времетраење од 3 месеци. Програмата се состои од вкупно 178 часови, се реализира преку теоретски дел од 40 часови, практичен дел од 119 часови и 19 часови за оценување и самоевалуација. Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на предметите кои се составен дел од програмата. Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата на виљушкар, практична примена на виљушкарот на обезбедени локации и магацински простор и простории за товар и растовар, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на виљушкарот. Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења со ракување на виљушкарот на соодветна локација, магацини и простории за товарање и истоварање. Програмата ја спроведува тим на искусни инжинери од соодветната област (сообраќај и машинство) и квалификувани ракувачи на виљушкар со најмалку пет години работно искуство. По успешно завршување на теоретската и практичната настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на виљушкар. |
Верификацијата истекува во март 25, 2027