Програмата Фризер за жени има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на фризерството.
Основа за изработка на програмата е стандард на занимање Фризер Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во фризерски салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста. Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит. Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за работна оспособеност “Фризер за жени”. и ќе биде оспособен за самостојно организирање на простор и работа, организира сопствена работа, подготвување салон и клиенти за фризерски третман, советување клиенти, изведба на фризерски третмани, примена на деловна комуникација со клиенти, водење евиденција и подготвување пресметки за работата, познавање правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитувње работна етика и морал, применување на санитарно технички норми за заштита на животната и работната средина и интерес за напредување во професијата. Програмата Фризер за жени нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на фризерството. Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 59 часа се стручна теорија, а 191 часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците. |
Верификацијата истекува во јануари 31, 2027