Врз основа на член 39 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија” бр.7/08), и согласно член 7 од Одлуката за основање на јавна установа Центар за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија” бр.147/08), Управниот одбор на Центарот за образование на возрасните на седницата одржана на ден 18.03.2009 година, донесе

 

С Т А Т У Т

НА ЦЕНТАРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ

 

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со Статутот на Центарот за образование на возрасните – Скопје (во понатамошен текст: Центарот) се уредува називот и седиштето, дејноста, внатрешната организација, управувањето и раководењето, финансирањето, јавноста во работењето и други прашања.

Член 2

Центарот за образование на возрасните – Скопје има својство на правно лице.

Центарот е јавна установа за образование на возрасните.

Дејноста што ја извршува е од јавен интерес.

Во прометот со трети лица одговара со сите свои средства со кои располага.

 

II. НАЗИВ И СЕДИШТЕ

Член 3

Називот на Центарот е: Центар за образование на возрасните, со седиште во Скопје.

Скратен назив на Центарот е: „ЦОВ“.

Седиштето на Центарот е на ул. „Васил Ѓоргов” бр. 35 во Скопје.

Називот на Центарот во меѓународен промет е „ADULT EDUCATION CENTRE“.

Член 4

Центарот има печат и штембил.

Печатот има кружен облик, во средината се наоѓа грбот на Република Македонија, а околу него во два концентрични круга на кирилица е напишано: во внатрешниот круг „Центар за образование на возрасните – Скопје“, а во надворешниот круг „Република Македонија“.

Штембилот има правоаголна форма со текст редоследно напишан:

„Република  Македонија“, „Центар за образование на возрасните – Скопје“, место за пишување, број, место за пишување дата и на крајот пишува Скопје.

Употребата и чувањето на печатот и штембилот се врши од страна на овластени лица на начин утврден со посебен акт донесен од директорот на Центарот.

 

III. ДЕЈНОСТ

Член 5

Во Центарот се усогласуваат и интегрираат јавните интереси и интересите на социјалните партнери во образованието на возрасните во Република Македонија.

Центарот ја координира соработката со меѓународните институции и организации во областа на образованието на возрасните и доживотното учење.

Член 6

Основната дејност на Центарот е да развие модерен и квалитетен систем на образование на возрасните (формално и неформално) во правец на вршење развојни, советодавни, истражувачки и стручни работи од областа на образованието на возрасните според Законот за образование на возрасните, а особено:

 

IV. ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Член 7

Внатрешната организација на Центарот, видовите и организационите облици, програмирањето и извршувањето на работите и работните задачи, називот и звањата на работните места, видот и степенот на стручната подготовка, описот на работите и другите услови потребни за вршење на работите во Центарот се уредува со актите за организација и систематизација на работните места на Центарот.

V. УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ

Член 8

Орган на управување во Центарот е Управниот одбор.

Управниот одбор е составен од единаесет члена, и тоа: два члена од Министерството за образование и наука, еден член од Министерството за труд и социјална политика, еден член од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, еден член од Стопанската комора на Македонија, еден член од Сојузот на стопански комори на Македонија, еден член од Занаетчиска комора Скопје и четири члена од редот на стручните работници вработени во Центарот.

При именувањето на членовите на Управниот одбор се применува начелото на соодветна и правична застапеност на заедниците во Република Македонија, имајќи ги предвид јазиците на кои се изведува наставата во основното и средното образование, без да се нарушат критериумите пропишани со Законот за образование на возрасните.

Мандатот на членовите на Управниот одбор трае четири години. Членовите на Управниот одбор ги именува и разрешува Владата на Република Македонија.

Член 9

Мандатот на членовите на Управниот одбор почнува од конституирањето на Управниот одбор.

На конститутивната седница се врши верификација на мандатите на членовите на Управниот одбор и се избира претседател на Управниот одбор.

Управниот одбор од редот на своите членови може да определи и заменик претседател на Управниот одбор.

Конститутивната седница ја свикува и води највозрасниот член на Управниот одбор до изборот на претседател.

Член 10

Мандатот на членот на Управниот одбор може да престане и пред истекот на времето од четири години:

Членот на Управниот одбор може да биде отповикан ако:

Член 11

Управниот одбор на Центарот ги врши следните работи:

Член 12

Управниот одбор одлуките ги донесува на седници.

Седниците на Управниот одбор ги свикува и со нив раководи претседателот, а во негово отсуство заменикот на претседателот.

Претседателот на Управниот одбор може да свика седница и по предлог на директорот на Центарот или по предлог на една третина од членовите на Управниот одбор.

Управниот одбор може полноважно да работи доколку на седницата се присутни повеќе од половина од вкупниот број на членови.

Одлуката се смета за донесена доколку за неа гласале повеќе од половината присутни членови на Управниот одбор.

За усвојување на Статутот, годишната програма за работа, финансискиот план, изборот и разрешувањето на директорот на Центарот, Управниот одбор одлучува со апсолутно мнозинство.

Работата на Управниот одбор поблиску се уредува со деловникот за работа на Управниот одбор.

 

Член 13

Орган на раководење на Центарот е директорот кој е одговорен за законитоста на неговата работа.

За директор на Центарот може да биде именувано лице кое што ги исполнува условите утврдени со закон.

Мандатот на директорот трае четири години со право на уште еден избор.

Член 14

Центарот е застапуван од директорот.

Во случај на отсуство на директорот, Центарот е застапуван од лице овластено од директорот.

Член 15

Директорот, во рамките на своите надлежности, може да овласти друго лице за превземање на определени правни и други дејствија.

Член 16

Јавниот оглас за именување директор на Центарот го распишува Управниот одбор најдоцна три месеци пред истекот на времето за кое е именуван.

Јавниот оглас се објавува во најмалку два дневни печатени гласила и трае осум дена од денот на објавувањето.

Член 17

Јавниот оглас го спроведува комисија составена од три члена, која ја избира Управниот одбор на Центарот од редот на своите членови.

Комисијата е должна во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавниот оглас, на Управниот одбор да му поднесе листа со образложение за кандидатите кои ги исполнуваат условите од огласот.

Управниот одбор во рок од осум дена по приемот на листата го врши изборот на директор.

Ако на јавниот оглас за именување директор не се пријават кандидати или се пријават кандидати кои не ги исполнуваат условите или по спроведената постапка за именување на директор не биде именуван директор, се распишува нов јавен оглас.

Член 18

Доколку од било кои причини не е именуван директор на Центарот, Управниот одбор именува вршител на должноста директор на Центарот.

Вршителот на должноста директор на Центарот ги има сите права и обврски на директор и може да се именува за шест месеци, со право на уште еден мандат.

Член 19

Директорот ја организира и раководи со работата на Центарот, самостојно донесува одлуки, го застапува Центарот пред трети лица и е одговорен за законитоста во работата на Центарот.

Во остварувањето на обврските и раководењето од ставот 1 на овој член, директорот:

Во врска со извршувањето на работите од став 2 на овој член директорот донесува правилници, наредби, упатства и решенија.

Член 20

Директорот на Центарот може да формира работни тела и комисии и да ангажира надворешни соработници.

За работните тела и комисии од став 1 на овој член и за ангажирање на надворешни соработници кои повлекуваат финансиски импликации согласност дава Управниот одбор.

Член 21

Директорот на Центарот може да биде разрешен пред истекот на мандатот ако:

Директорот на Центарот кој не е повторно именуван по оглас или е разрешен се распоредува на работно место соодветно на неговата стручна подготовка.

VI. СТРУЧЕН  КОЛЕГИУМ

Член 22

Центарот има стручен колегиум кој го сочинуваат:

Во работата на стручниот колегиум може да учествуваат и други лица од Центарот или надворешни лица за кои директорот ќе оцени дека има потреба.

Член 23

Стручниот колегиум ги врши следните работи:

Стручниот колегиум работи на седници кои ги свикува директорот.

VII. ФИНАНСИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА ЦЕНТАРОТ

Член 24

Средствата за остварување на дејноста на Центарот се остваруваат од Буџетот на Република Македонија.

Центарот може да стекнува сопствени приходи и од:

Средствата од став 1 и став 2 од овој член ќе се користат според посебно утврден план на Центарот.

VIII. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 25

Работата на Центарот е јавна.

Центарот ја информира јавноста за извршувањето на својата дејност:

Податоците и информациите за работата на Центарот ги дава директорот или лице овластено за тоа.

За работата на Центарот и органите на управување, вработените се информираат преку огласна табла.

Информирањето го врши директорот и претседателот на Управниот одбор преку одлуки, решенија, извештаи и информации.

За вистинитоста на информациите одговара органот кој истата ја објавил.

IX. КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ

Член 26

Заради заштита на интересите на Центарот и пошироката заедница, во Центарот се превземаат мерки за чување, ракување и соопштување  на податоците согласно прописите за класифицирани информации.

Член 27

Податоците и документите што претставуваат класифицирани информации се заведуваат во посебен деловоден протокол и како такви се архивираат.

X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 28

Одделни прашања што се уредени со овој Статут, може поблиску да се уредат со правилници, одлуки, упатства, решенија и други акти.

Член 29

Измени и дополнувања на Статутот се вршат по постапка како за неговото донесување.

Член 30

Овој Статут влегува во сила со денот на  добивањето на согласност од Министерството надлежно за работите од областа на образованието.

 

Напишете коментар