Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.39/2024 ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Готвач (2 извршители). Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: – да имаат најмалку високо образование од областа; – да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветната област или – најмалку 10 години работно искуство во соодветната област. Заинтересираните кандидати треба да достават: 1. Пријава за членови на комисии која треба да содржи: – име и презиме, – работно место, – адреса на работно место, – адреса на живеење, – телефонски број за контакт и – степен и вид на стекнатото образование; 2. Кратка биографија. Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на: ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје ул. Димитрие Чуповски бр.13 1000 Скопје или на е-пошта: contact@cov.gov.mk со назнака за избор на надворешен соработник рок од 5 дена од денот на објавување на огласот. Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување Публикуван на: 13.5.2024 година |
Прием на апликации до: 17.5.2024 година