Врз основа на член 40 од Законот за образование на возрасни (,,Службен весник на РСМ.” бр.3/2025), ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за заинтересирани надворешни лица за проценувачи за валидација
Превземи пријава
- Предмет на Јавниот повик:
Со овој јавен повик се повикуваат да пријават надворешни лица за учество во обука за проценувачи за валидација, во рамки на системот за валидација на неформално образование и информално учење.
- Сертификација и евиденција
По успешно завршување на обуките:
– на учесниците им се издава сертификат за проценувач за валидација,
– истите се запишуваат во: Каталогот на сертифицирани проценувачи за валидација и/или
кои ги води Центарот и се јавно достапни на неговата интернет страница
- Трошоци
Трошоците за следење на обуките изнесува 4000,00 денари по учесник.
Надоместокот се уплаќа на следната трансакциска сметка на Јавната установа Центар за образование на возрасни:
Назив на примач: ЈУ Центар за образование на возрасни
Сметка на корисник: 160016142578719
Приходна шифра: 723119 програма 33
Назнака: надоместок за обука на проценувачи за валидација
- Времетраење на јавниот повик
Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на неговото објавување на интернет страницата на Центарот.
- За учество во обуката, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
-да има завршено образование согласно нормативот за наставен кадар од соодветниот сектор, односно квалификација (Производител на млечни производи, Администратор на веб страница, Управувач со трактор, Изработувач на пица, Фризер, Естетичар за нега на раце и нозе , Електричар, Инсталатер за греење и климатизација, Инсталатер на цевководи, Поставувач на подови и плочки, Ѕидар – фасадер, Монтер на сува градба, Автомеханичар, Автоелектричар, Машински механичар, Пекар, Слаткар, Готвач, Бариста)
– да има најмалку три години работно искуство во:
-образованието како наставен кадар и/или
-работно искуство во реален сектор
– да има искуство во спроведување или учество во активности поврзани со:
-учење и обука на возрасни лица,
-едукација или поддршка на развој на знаења и вештини.
– поддршка на учење и развој на вештини на возрасни лица или
– менторство, едукација и советување на лица за професионален развој.
- Начин и рок на пријавување
Заинтересираните лица поднесуваат:
– пријава за учество,
– кратка биографија (CV),
– доказ за работно искуство.
Пријавите се доставуваат најдоцна до 15.07.2026 година, на следната адреса/е-пошта:
До ЈУ Центар за образование на возрасните –Скопје ул.Димитрие Чуповски бр.13 Скопје со назнака: За јавен повик за проценувачи за валидација или на contact@cov.gov.mk
Овој Јавен повик се објавува на веб-страницата на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје https://www.cov.gov.mk/