Имав чест и задоволство да бидам дел од еден значаен момент во Општина Боговиње – свеченoтo доделувањe на 100 дипломи за учесниците во проектот „Средно стручно образование за возрасни“, реализиран од средното училиште „Моша Пијаде“ – Тетово, со поддршка од Центарот за образование на возрасни.
Како директорка на Центарот, се чувствувам горда на успехот на овој проект, кој придонесува за професионален развој на граѓаните и нивно поуспешно вклучување на пазарот на трудот.
Честитки до сите дипломирани и успех во понатамошниот професионален пат!
Центарот за образование на возрасни ќе продолжи да поддржува проекти што носат развој и вистински можности за нашите општини.