Врз основа на член 22 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/25) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на стручни лица за членови на комисии за верификација на посебни програми за образование на возрасните и акредитација на установа/институција за образование на возрасните

 

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје објавува јавен повик за запишување во база на стручни лица за евалуација на поднесени посебни програми. Едно лице може да биде запишано во базата на стручни лица во повеќе сектори, доколку поднесе пријава и ги исполнува условите утврдени со Законот за образование на возрасните.

Стручните лица имаат обврска:

За извршената работа, стручните лица ќе добиваат надоместок согласно Одлука за висина на надоместок за направена евалуација и дадено стручно мислење, усвоена од Министерот за образование и наука.

 

Сектори за кои Центарот има потреба од стручни лица:

  1. Геологија, рударство и металургија
  2. Градежништво и геодезија
  3. Графичарство
  4. Економија, право и трговија
  5. Електротехника и информатички технологии
  6. Здравство и социјална заштита
  7. Земјоделство, рибарство и ветеринарство
  8. Лични и други услуги
  9. Машинство
  10. Сообраќај, транспорт и складирање
  11. Текстил, кожа и слични производи
  12. Угостителство и туризам
  13. Хемија и технологија
  14. Шумарство и обработка на дрво
  15. Спорт и рекреација
  16. Уметност

 

Услови за аплицирање

Запишување во базата на стручни лица се врши врз основа на поднесена пријава до Центарот кон кое се приложуваат и докази за исполнување на следните услови:

 

Исполнетоста на условите ја утврдува Комисија за избор на стручни лица, формирана од директорот на Центарот. Директорот донесува одлука за избор и запишување на стручните лица во базата.

 

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава за избор на стручни лица и докази за исполнетост на горенаведените услови за аплицирање.

 

Рок за аплицирање

Аплицирањето трае до 31.12.2025 година (23:59 часот).