На ден 30.05.2025 година директорот на Јавна установа Центар за образование на возрасни – Скопје, Садудин Садики и управителот на Здружение за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик – Скопје, Никола Нешкоски склучија Меморандум за соработка.
Оваа соработка отвора нови можности за развој и учество во активности насочени кон едукација и стекнување на практични вештини кај возрасната популација – чекор кон личен раст и подобри шанси на пазарот на труд. Вложувањето во едукацијата на возрасните е инвестиција во поиновативно, инклузивно и подготвено општество.