На ден 26.05.2025 година директорот на Јавна установа Центар за образование на возрасни – Скопје, Садудин Садики и управителот на Здружение за едукација „Еду Скилс“- Крива Паланка, Добри Јовевски склучија Меморандум за соработка.

Оваа соработка отвора нови можности за развој и учество во активности насочени кон едукација и стекнување на практични вештини кај возрасната популација – чекор кон личен раст и подобри шанси на пазарот на труд. Вложувањето во едукацијата на возрасните е инвестиција во поиновативно, инклузивно и подготвено општество