Eдна од мерките предвидени во проектот „Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, кој го реализира Центарот за образование на возрасните, како национален координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните, е и подигнување на капацитетите на Регионалните Центри за стручно образование и обука посебно за кадарот кој е вклучен во процесите за образование на возрасните и валидација на неформално и информално учење.
За таа цел претставници од ЈУ Центар за образование на возрасните на 28.11.2024 година ги посетија и реализираа состанок со претставници од Регионалниот Центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ Куманово каде што учесниците имаа можност да се запознаат подетално за надлежностите и улогата на ЈУ Центар за образование на возрасните како и за надлежности и одговорностите на Регионалните Центри за стручно образование и обука во делот на образование на возрасните со посебен акцент на процесот на валидација на неформално и информално учење.