Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15,30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.87/2024
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата Ракувач на градежна механизација за површинска експлоатација (2 извршители).
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да имаат најмалку високо образование од областа;
- да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветната област или
- најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Пријава за членови на комисии која треба да содржи:
- име и презиме,
- работно место,
- адреса на работно место,
- адреса на живеење,
- телефонски број за контакт и
- степен и вид на стекнатото образование;
- Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на :
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје
ул. Димитрие Чуповски бр.13
1000 Скопје
или на е-пошта: contact@cov.gov.mk
со назнака за избор на надворешен соработник
рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување
Публикуван на: 04.11.2024 година
Прием на апликации до: 08.11.2024 година