РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 11.07.2024 година распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС

до верификувани спроведувачи на обука

 

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука за образование на возрасни за реализација на мерката Обука за побарувани занимања, во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година. На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:

– Службеник во сметководство -Скопје ,Битола,Тетово

– Графички дизајнер- Скопје, Куманово

– Армирач – Тетово

– Готвач – Струга,Тетово, Скопје

– Обработувач на метал  Бравар – Куманово,Тетово, Неготино

– Надградба на нокти – Скопје

– Ракувач со вилушкар – Велес, Скопје, Штип

– Козметичар за нега на лице и тело -Тетово,Скопје, Струмица

– Негователи на лица со попреченост – Скопје,Штип

– Монтер на соларни топловодни системи – Тетово

– Негуватели на деца  – Тетово

-Организатор на настани – Штип

-Маникир и Педикир – Скопје , Тетово,Штип

– Обработувач на метал Заварувач – Скопје,Куманово

– Дизајнер за внатрешно уредување – Скопје

– Шминкер – Гостивар,Скопје

– Дигитален маркетер- Скопје, Битола

– Шивач на женска облека – Штип

– Слаткар -Скопје, Охрид

– Пекар – Скопје, Охрид

– Монтер и инсталатор на сончеви панели – Скопје

– Фризер за жени – Скопје,Штип, Гостивар

– Производител на леб, бурек и бели пецива– Гостивар

– Масер  за козметичка масажа -Гевгелија, Скопје.

 

 

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријавата за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (https://bit.ly/цов-пријава)
  2. Документ за регистрирано дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице. Средствата потребни за реализирање на мерката Обука за побарувани занимања е финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

Потребната документација се доставува најдоцна до 31.07.2024 година до архивата на:

 

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетните и ненавремено доставени докумети нема да бидат земени во постапка за одлучување.

                                               ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје