Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.77/2023

 

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги за програмата  Масер на лице и тело (2 извршители).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

–    да имаат најмалку високо образование од областа;

–    да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветната област или

–    најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

1.   Пријава за членови на комисии која треба да содржи:

–    име и презиме,

–    работно место,

–    адреса на работно место,

–    адреса на живеење,

–    телефонски број за контакт и

–    степен и вид на стекнатото образование;

2.   Кратка биографија.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр.13

1000 Скопје

или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на надворешен соработник

рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување

Публикуван на: 14.8.2023 година

Прием на апликации до: 18.8.2023 година