Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 10. Втора шанса (Пилот мерка), на ден 31.12.2022 година, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
до невработени лица за мерката 10. Втора шанса (Пилот мерка)
Се повикуваат евидентираните невработени лица кои немат завршено средно стручно образование т.е. 3-та година од стручното образование за занимања (тригодишно образование) или 4-та година од техничкото образование (четиригодишно образование) и спаѓаат во ранливите целни групи:
- корисници на ГМП;
- млади лица до 29 години;
- Роми;
- жени;
- лица со попреченост;
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
а се заинтересирани да се вклучат во пилот мерката втора шанса и да го комплетираат своето средно стручно образование, со што ќе добијат диплома за завршено средно стручно образование, која не ја стекнале додека биле во вклучени во редовно образование. Заинтересираните кандидати да се пријават во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Заинтересираните лица, при пријавувањето треба да приложат оригинал од Свидетелство за завршена 2-ра година од стручното образование за занимања (тригодишно образование) или 3-та година од техничкото образование (четиригодишно образование).
Кандидатите кои ќе ја завршат образовната програма ќе се стекнат со Диплома за завршено средно стручно образование и положена училишна или државна матура.
Трошоците за образовната програма кон средните стручни училишта/регионални центри за стручно образование и обука, ќе бидат платени од ИПА Проектот„Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија.
Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, средните стручни училишта/регионални центри за стручно образование и кандидатите.
Корисници на паричен надоместок и корисници на право на Гарантирана минимална помош, не го губат оствареното право за времетраење на мерката Втора шанса.
Огласот ќе биде отворен до 27 јануари 2023 година, а пријавувањето по овој датум ќе биде прифатено, доколку не е исполнет предвидениот опфат од 200 учесници.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот 02-3111-850 и веб страната www.av.gov.mk, како и во ИПА канцеларијата на ipa@avrm.gov.mk .
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА